Македонија
7. April 2016 - 9:07

Во Радовиш над 400 парцели за проектот „Купи куќа за млади“

Mожностите за добивање субвенции од страна на државата за проектот„ Купи куќа за млади синоќа во рамки на караванот на Министерството за финансии беа презентирани во Радовиш. Градоначалникот Сашко Николов вели дека околу 50 млади лица се интерсираа на кој начин да добијат кредит за да го остварат сонот за сопствен дом преку владиниот проект „Купи куќа за млади“.

- Ние како општина максимално даваме поддршка на проектот „Купи куќа за млади“, со тоа што за кратко време како Општина ќе објавиме оглас за продажба на 30 парцели на локацијата кај поранешната „Касарна“. Општинската администрација во меѓувреме работи и на урбанизација на типска населба, во која има предвидено минум 400 парцели за изградба на куќи, вели Николов.

Тој истакна дека Владата ќе инвестира 90 отсто од средствата за изградба на водоводна и канализациска мрежа и патна инфраструктура во новата типска населба, која се наоѓа на два километри од централното градско подрачје.

Според Николов голем придонес за презентирање на можностите за добивање на кредит преку проектот „Купи куќа за млади“ има и канцеларијата која е отворена во рамките на подрачната единица на Министерството за финасии. 

Можностите за добивање субвенции заинтересирани граѓани ги слушнаа од претставници од Министерството за финансии, од банките учесници во проектот.