Во Пустец оддадена почит на загинатите во трагедијата во Кочани
Македонците во општина Пустец денеска им оддадоа почит на трагично загинатите во трагедијата во Кочани.
Општинската администрација, наставниците и учениците од гимназијата и партијата Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ) со едноминутно молчење изразија почит кон жртвите.
На плоштадот „Гоце Делчев", пред црквата Свети Архангел и Михаил жителите на Пустец запалија свеќи во знак на почит, а свештеникот Алекс Темелко се помоли за покој на душите на загинатите и здравје и брзо закрепнување на повредените.
- Со искрена болка изразуваме сочувство до семејствата на загинатите. Бог да ги прости и да им подари вечен мир во Царството Небесно. Македонците од Албанија се молат за душите на загинатите и за брзо закрепнување на повредените.
Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со Кочани. Нека почиваат во мир, рече отец Темелко.
Заедно со Македонците почит на загинатите во несреќата во Кочани им оддаде и Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ.
Ново на Сител
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани
-
Зајакнати тимови од психолози и психијатри во Кочани, МОН препорачува да се работи со децата
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Уапсен градоначалникот на Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Објавени имињата на жртвите - слава им!