Во Пустец оддадена почит на загинатите во трагедијата во Кочани
Македонците во општина Пустец денеска им оддадоа почит на трагично загинатите во трагедијата во Кочани.
Општинската администрација, наставниците и учениците од гимназијата и партијата Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ) со едноминутно молчење изразија почит кон жртвите.
На плоштадот „Гоце Делчев", пред црквата Свети Архангел и Михаил жителите на Пустец запалија свеќи во знак на почит, а свештеникот Алекс Темелко се помоли за покој на душите на загинатите и здравје и брзо закрепнување на повредените.
- Со искрена болка изразуваме сочувство до семејствата на загинатите. Бог да ги прости и да им подари вечен мир во Царството Небесно. Македонците од Албанија се молат за душите на загинатите и за брзо закрепнување на повредените.
Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со Кочани. Нека почиваат во мир, рече отец Темелко.
Заедно со Македонците почит на загинатите во несреќата во Кочани им оддаде и Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ.
Ново на Сител
-
Приведен крадец во битолско, одзел нафта и масло од фирмата каде што работел
-
Таравари: Се враќаат пет пациенти од Шпанија и еден од Грција
-
Првиот пациент вратен од лекување: Моите деца се уште имаат татко благодарение на докторите
-
Запленети парфеми, облека, обувки, 323 штеки цигари, воздушна пушка и разна техничка стока вредна 1,8 милиони денари
-
Видевски: Го прашав Палчо зошто ја уби Вања, тој само ги крена рамениците
-
Трамп се закани дека ќе го скрати финансирањето на јавните медиумски сервиси
-
Стабилно снабдувањето со јајца на домашниот пазар пред велигденските празници
-
Утрово во Албанија регистриран земјотрес со јачина од 3,2 степени