Во првиот квартал од годинава во Дебарско нема заболен од туберкулоза
Во провото тримесечје од годинава во Дебарско не е регистриран случај на заболен од туберкулоза, болест од која лани во истиот период имало еден случај, а од година во година има се помал број заболени.
- Бројот на заболени од туберкулоза во континуитет бележи намалување. Лани беа регистрирани пет случаи или еден заболен помалу споредено со претходната година. Сите се соодветно третирани и излекувани, вели доктор Драган Клопчевски, раководител на антитуберкулозниот диспанзер при Општата болница во Дебар.
Диспанзерот во рамки на болницата работи повеќе од пет децении, а со него последните две, раководи Клопевски, кој ја следи состојбата во општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово Ростуше.
Кога станува збор за позитивните резултатии кои се постигнати во намалувањето на ова заразно заболување, посочува Клопевски, треба да се изнесе фактот што во поседнте шест години не е регистрирано дете заболено од туберкулоза.
- Намалувањето на бројот на туберкулозно болните, кој ниту од далку не може да се спорди со оној од пред две и повеќе децении секако е последица на многу подобрите услови за живот и поквалитетната исхрана. Тука сакако и превентивните активности, пред се предвања кои ги организираме во соработка со дебарската организација на Црвен Крст преку одржување предавања на средби со граѓани и настапи на медиуми, оценува Клопчевски.
Тој додава дека терапијата е бесплатна.
Предвидувањата на Светската здравствена организација, нагласува Клопчевски, се дека до 2020 година ова заразно заболување треба да се искорени на Балканот, Европа и пошироко.
Ново на Сител
-
Фатен кавадарчанец кој побегнал од затворот во Гевгелија
-
Тетовчанец загинал на скопска обиколница откако излетал од патот
-
Студенти и граѓани денеска ги блокираат трите мостови во Нови Сад
-
Директорката на Клиниката "Козле" објаснува зошто докторката добила отказ
-
Уапсена 42 годишна жена, со „цитроен“ удрила во пешак и избегала
-
Намалена видливост поради појава на магла на повеќе патни правци низ Македонија
-
Русите извршија ракетен напад врз историскиот центар на Одеса
-
Се утврдува намалениот промет од бојкотот на маркетите, решение за високите цени низ дијалог