Во Прилепско пронајдени неексплодирани гранати од Прва светска војна
Во Прилепско пронајдени се неексплодирани убојни средства, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).
- Конкретно, РЦУК Битола, известува дека од ДЗС Прилеп известиле дека по вчерашната пријава од ПС Прилеп за пронајдени НУС, биле излезени на терен и дека од страна на инспекторот и пиротехничар од ДЗС се извадени уште 13 минско-екплозивни стредства, конкретно артилериски гранати 110 мм, од германско производство со потекло од Првата светска војна. Инаку на тоа место се пронајдени вкупно 16, конкретно кај месноста „Сарика“ во близина на патниот правец Градско – Битола, сопштија од ЦУК.
Од Центарот посочуваат дека неексплодираните убојни средств се подигнати од страна на овластен пиротехничар од ДЗС Битола за понатамошна постапка за нивно безбедно складирање и уништување.
Ново на Сител
-
Граѓанските иницијативи кај Сиљановска за изборен закон
-
Прв круг локални избори на 19 октомври
-
Со едукација, а не со отпуштања државата ќе ги мотивира неработниците во јавниот сектор
-
Граѓани пријавиле дека во здравството им било барано мито – Министерот Алиу ќе проверува дали е вистина
-
Филков: За една година поднесовме 22 системски закони за враќање на правдата
-
Со хеликоптери се гаси пожарот кај Блаце
-
Модерен систем за управување со администрацијата
-
Алиу: За прв пат по 10 години ажурирана позитивната листа