Македонија
12. August 2020 - 16:42

Во Прилеп е неопходно формирање професионална спасувачка служба

Колку на Прилеп и регионот му е потребна професионална спасителна служба која ќе биде под капата на државата докажува примерот од пред неколку дена кога параглајдерист од Велес падна во шумата во близина на Мечкин Камен кај Крушево, за среќа парагалјдерот се закачил на едно од дрвјата и тој останал таму да виси на околу 12 метри од земјата. Колегите ја повикале волонтерската спасителна служба на СП „Златоврв“ од Прилеп кои во рок од 2 часа успешно го спасиле параглајдеристот.

„Лицето беше во психофизичка стабилна состојба, немаше никакви повреди, веднаш се упатив кон спасување и што е можно поврзо да го спуштиме долу. Ниеи ја користиме техниката на единечно јаже која е најдобра техника за сите видови на техничкии спасувања. Веднаш започна со поставување со систем на спуштање на лицето, го откачив од неговото платно и веднаш го спуштив“, Дарко Неданоски, волонтереска спасителна служба „Златоврв“ – Прилеп.

СК „Златоврв“ досега имал неколку вакви спасувачки акции најчесто кога ќе имало повредени планинари да се симнат од планина, но за жал овие херои работат само волонтерски, без поддршка од државата, додека во Прилеп и Крушево секоја година доѓаат илјадници параглајдеристи, болдери, возачи на крос мотори, планински велосипедиисти и други љубители на екстремните спортовии кои се негуваат во овој регион.

„Функционираме на волонтерска база, сите наши активности, кога ќе излегуваме на терен, се на наш личен трошок, секако ние го сакаме ова што го работиме, обучени сме за ова, но во Прилеп и околината аутдор спортовите, спортовите во планина, во последниве години земаат се поголем замав и секогаш треба да има една ваква служба која што веднаш ќе интервенира доколку има потреба за тоа“, додава Неданоски.

Параглајдеристите кои биле сведоци на спасителната акција во Крушево велат дека во регион како Прилеп и Крушево, каде секоја година доаѓа светската елита во парагалјдерство немоновно е постоење на ваква служба.

„Прилеп и регионот со Крушево заедно се најпосетените место за летање со параглајдер на кој се организираат меѓународни натпревари од највисок ранг. По пропозиција кога се организира меѓународен натпревар обавезно е потребно да има на теренот медицинска итна помош со присутво на возило и спасителна служба. Досега тоа сме го решавале инцидентно. Во сите држави каде сме оделе постои горска служба под покровителство на државата“, истакна Златко Спиркоски, параглајдерист.

6-те членови на прилепски „Златоврв“, кои освен за на планини се обучени да спасуваат повредени луѓе и во пештери, пропасти, но и во урбана средина, се надеваат дека државата ќе има поголем слух и дека ќе станат првата официјална спасистелна служба во регионов.