Во престрелка во Белград ранети две лица, од кои едниот е 21-годишен македонски државјанин
Две лица се ранети во претрелка која се случи синоќа во Белград, на Врачар, од кои едното лице е 21-годишниот македонски државјанин Д.Л. за кој медиумите пишуваат дека бил случајно ранет, јави дописникот на МИА од Белград.
По престрелката полицијата затекла една повредена особа на улицата Максим Горки, и второ повредено лице на блиската улица Новопазарска, кои биле пренесени во Ургентниот центар.
И додека за првото лице А.П (26) кое е повредено со два проектила во ногата, медиумите соопштија дека има криминално досие со 12 кривични пријави поради наркотици, оружје и разбојништво, за македонскиот државјанин Д.Л (21) кој е повреден во грбот, пишуваат дека најверојатно е случајна жртва.
-Ранетиот Д.Л., го донесе негов пријател на влез во соседната улица Новопазарска. Таму го тргнал и повикал полиција и брза помош. Тој и ранетиот другар се движеле од Његошева кон улицата Максим Горки, кога пред позната обложувалница дошло до пукање. Кога некако го донесе неговиот пријател до влезот, тој одеше и од мака се фаќаше за главата, изјави соговорникот за порталот Мондо.
Набрзо пристигнале Брзата помош и полицијата, а кога ранетиот македонски државјанин бил внесен во автомобилот, на грбот биле видливи две крвави рани од куршуми.
Истрагата треба да утврди дали македонскиот државјанин е случајно ранет.
Полицијата по тричасовна потера успеа да го приведе напаѓачот.
Ново на Сител
-
Мицкоски иницира изготвување стратегија за државата во соработка со МАНУ, ја повика опозицијата заеднички да носат одлуки
-
Утре во Брисел нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Димитриеска-Кочоска: Растот на економијата следната година над 3,5 отсто, се темели на инвестиции
-
Мицкоски по повод 23 Октомври: Да не го губиме времето на поделби, туку да создадеме општество на можности и почит
-
Мисајловски: Со почит се сеќаваме на револуционерите, Македонија заслужува да биде развиена, прогресивна и безбедна
-
Голем интерес за вакцинација против сезонски грип, досега пријавени над 52 000 лица
-
Сиљановска Давкова помилува десет осуденици
-
Штрајк на наставниците во Грција