Во Прешево прогласена Заедница на албански општини
Советниците Албанци од трите општини во јужниот дел на Србија (Прешево, Медвеѓа и Бујановац) како што и најавија, денеска со албанското знаме поставено на општината, во Прешево со мнозинство гласови донесоа одлука за формирае Заедница на албанските општини во Србија, јави порталот Прешева јоне.
- Советниците од трите општини со 43 гласови „за“ и кажаа „да“ на заедницата на албанските општини во Србија, по примерот на Србите во Косово. Донесувањето на документот за Заедницата го следеа 65 новинари,наведува порталот.
По усвојувањето на одлуката за формирање на Заедницата, Јонуз Муслиу изјави дека ова е еден историски акт со кој и Албанците од Прешевската Долина ќе имаат своја асоцијација .
- Тоа не е само реципрочен одговор на статусот на Србите во Косово туку е императив на времето, за подобра перспектива на Албаците од Прешевската Долина кон европските интеграции, изјави Муслиу.
Претходно, најавувајќи го овој настан, градоначалникот на Бујановац, Нагип Арифи запрашан за поддршката што може да ја имаат од функционери на Косово, Македонија и Албанија, изјави дека „имале разговори“ со политичките субјекти во трите земји.
Прешева јоне наведува дека во Прешево имало сино полициско присуство.
Ново на Сител
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани
-
Таравари до Ахмети: Наместо избори, работете на реформи во партијата и адаптација во опозицијата
-
Утре стартува јавната дебата за реформи во судството
-
Само 12% од компаниите имаат вработени ит експерти, Македонија зад европскиот просек
-
Социјално ранливите се борат со глад
-
Преглед на вестите од светот
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе