Македонија
11. August 2015 - 8:15

Во прекин сообраќајот на патот Тетово-Јажинце

Кај село Порој во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Тетово - Јажинце, а како алтернатива се корисити патот низ селото, информираат од Авто мотосојузот на Македонија.

Поради надојдена вода на Вратничка река, целосно е оштетен мостот кој сообраќајно ги поврзува селата Орашје и Нераште.

Патниот правец Тетово - Попова Шапка е исчистен и сообраќајот се одвива нормално во двата правци.

Делот од коловозот на регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај село Доброште е исчистен и на тој дел од патот сообраќајот е нормализиран.

Од АМСМ посочуваат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

- На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините, велат од АМСМ.