Во прекин авиосообраќајот на аеродромот во Ајндховен
Сите летови до и од аеродромот во Ајндховен од утринава се прекинати поради технички проблем што го оневозможил аеродромот да работи и не се очекува да се острани пред раните попладневни часови.
„Авиосообраќајот во моментов не е возможен на аеродромот во Ајндховен поради дефект, чија причина се истражува“, се вели во краткото соопштение на управата на аеродромот, пренесува порталот „НЛ Тајмс“.
Првите летови од аеродромот во Ајндховен обично се реализираат од 7 часот наутро, но денеска во 08:30 часот кралското воздухопловство објави на платформата Икс дека најверојатно проблем со мрежата го предизвикал прекинот на авиосообраќајот.
„Се уште не е јасно кога ќе се реши проблемот. Работиме на решение“, се вели во соопштението.
Околу 58 авиони требаше да слетаат на аеродромот во Ајндховен денеска, од кои 21 авион пред 13 часот.
Се очекува да има „умерени доцнења во утринските часови“ и на аеродромот Шипхол, соопшти Европската организација за безбедност на воздушниот сообраќај Еуроконтрол.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица