Во прекин авиосообраќајот на аеродромот во Ајндховен
Сите летови до и од аеродромот во Ајндховен од утринава се прекинати поради технички проблем што го оневозможил аеродромот да работи и не се очекува да се острани пред раните попладневни часови.
„Авиосообраќајот во моментов не е возможен на аеродромот во Ајндховен поради дефект, чија причина се истражува“, се вели во краткото соопштение на управата на аеродромот, пренесува порталот „НЛ Тајмс“.
Првите летови од аеродромот во Ајндховен обично се реализираат од 7 часот наутро, но денеска во 08:30 часот кралското воздухопловство објави на платформата Икс дека најверојатно проблем со мрежата го предизвикал прекинот на авиосообраќајот.
„Се уште не е јасно кога ќе се реши проблемот. Работиме на решение“, се вели во соопштението.
Околу 58 авиони требаше да слетаат на аеродромот во Ајндховен денеска, од кои 21 авион пред 13 часот.
Се очекува да има „умерени доцнења во утринските часови“ и на аеродромот Шипхол, соопшти Европската организација за безбедност на воздушниот сообраќај Еуроконтрол.
Ново на Сител
-
Димитриеска Кочоска: Ќе има покачување на платите за наставниците во основните и средните училишта
-
Во главата на Вања било пукано преку перниче
-
Судот го одби барањето за исклучување на јавноста
-
Палчо: Наместо да го плаче детето тој е наместен, јас не го познавам Ѓорчевски
-
Приведен 42-годишен кавадарчанец за физички напад врз сопругата
-
Таткото на Вања: Од мене остана само ехо, јас загинав на 27-ми
-
Мајката на Вања бара судење зад затворени врати
-
Адвокатот на Палчо: Од сите има биолошки траги, а од него не