Во право ли е Обама?
Како што може да се забележи од неодамнешното интервју на претседателот Барак Обама за списанието Атлантик, тој во пракса ги мрази сите лидери на Блискиот исток, вклучувајќи ги и тие во Турција, Ирак, Сирија, Саудиска Арабија, Иран и Палестинците.
Изгледа дека главната цел на Обама, онака како што се ближи крајот на неговиот мандат, да може да каже дека го намалил американскиот ангажман во Ирак и Авганистан, го спречил нашиот копнен ангажман во Сирија и Либија, и ги натерал Американците да разберат дека постојат граници на нашите можности да ги поправиме нештата кои не ги разбираме, во земји на чии лидери не им веруваме и чија судбина не не засега толку колку што било претходно.
Во краен случај, како што даде на знаење претседателот, повеќе Американци загинуваат секоја година од лизнување во бања или удирајќи ги автомобилите во добиток по селски патишта, отколку од терористи, па затоа треба да престанеме со нашите желби да реагираме на Блискиот исток како одговор на секоја закана.
Сето тоа звучи прекрасно на хартија, додека не ни се случи и нам терорстички напад како оној во Брисел во вторникот. Во право ли е Обама?
Ако го посетите како мене Ирачки Курдистан и разговарате со многу Ирачани, започнувате да си мислите дека Обама не е сосема во право. Присуствувајќи на дискусија на познатиот Американски универзитет во ирачкиот град Сулејманија, и како што следам како ирачките лидери се препираат и замено обвинуваат, не горам од желба да си купам многу акции од Ирачката берза.
Најпотресен бев кога шеикот Абдула Хумеди Аџил ал Јауар, лидер на големото племе Шамар, кое живее околу град Мосул кој е сега окупиран од Идил, кога застана во својата елегантна облека и го погледна ирачкиот министер за нафта, и рече: „Што се случи со 700-те милијарди долари? Најискрено го отвораме тоа прашање“.
Тој беше награден со најголеми почести тој ден. Ние не можеме да ги стабилизираме Ирак или Сирија, ако нивните лидери не сакаат да ја поделат власта и да престанат да грабаат.
Но кога си таму почнуваш исто да се чудиш дали Обама не е толку инаетчија а си го брани чекорот на немешање во Сирија, заради проценката дека е ризична неговата пасивност, така и можноста да се искористи американската помош да го насочи тој регион на пат по наша желба - без да се вмешуваме каде и да е. На почетокот си мислев дека Обама постапи правилно кон Сирија. Но денес милионите бегалци истерани од Сирија, плус бранот од економски мигранти од Африка преку Либија по целосно пропадната операција на Обама а НАТО таму), ја дестабилизираат Европската унија.
ЕУ е најважниот економски и стратешки партнер на Америка, и вториот голем центар на демократскиот капитализам. Таа дополнително ја засилува американската моќ, и ако биде осакатена ќе бидеме принудени вбложуваме многу повеќе сопствени ресурси а заштита на слободниот свет.
Ние и ЕУ заедно треба да размислуваме како да ги претвориме Либија и Сирија во безбедни места, за да го пресечеме бегалскиот наплив пред тој да ја урне ЕУ. Историјата нема да му прости на Обама ако тој стои настрана.
Истовремено, пред Обама се открива можност која ниту еден друг американски претседател досега не ја имал. На Блискиот исток се појавија две тековни демократии како резултат на внатрешен развој. Едната е Тунис, чии лидери од граѓанскиот сектор добија Нобелова награда за мир, откако го напишаа најдемократскиот устав во тој регион досега. Но денес оружја, бегалци и исламисти терористи, кои навлегуваат од соседна Либија, и кои безумно ги втурнавме во хаос, се обидуваат да го дестабилизираат тунискиот експеримент.
Западот треба да го помогне Тунис со економска, техничка и воена помош. „Тунис е штотуку родена демократија“, ми рече тамошниот поранешен премиер Меџи Џомаа. „Таа можеби е мала земја, но нејзината улога за иднината на регионот е огромна. Не можам да си претставам никаква стабилност во регионот, ако Тунис не успее“.
Другиот самоникнат демократски експеримент е Ирачки Курдистан каде курдите самите основаа универзитет од американски тип во Сулејманија, затоа што сакаат да ги проучуваат нашите хуманистички науки, а штотуку отворија и втор Американски универзитет во Дохук. Но малиот Курдистан денес е дом на 1,8 милиони бегалци од други реони во Ирак и од Сирија, и при сегашните ниски цени на нафтата, тој е пред банкрот.
Курдската влада која ја отвори појавата на силна опозициска партија и на слободни медиуми, сега го прави последниот чекор. Претседателот Масуд Барзани одбива да отстапи од власта пред крајот на својот мандат, а нивото на корупција е се повисоко. Судбината на курскиот демократски експеримент виси на конец. Поголема американска помош, обврзана со услови Курдистан да се врати на патот на демократијата, би завршила многу голема работа.
-Тука се води една голема игра на заздравување, рече Длауер Ала-Алдини, шеф на Институтот за блискоисточни истражувања во Курдистан. „Америка треба конструктивно да се ангажира со курдите, да им даде помош при определни услови и да ги претвори во партнер, каков што САД заслужуваат. Сите тука се наклонети кон Америка и ја обожаваат. Курдскиот народ сака Америка да ги брани од Иран и Турција“.
Курдистан и Тунис се токму она за кое сме сонувале: самоизникнати демократии, кои можат да бидат модел за другите во регионот. Но тие имаат потреба од помош. За жал, Обама е толку обземен од манијата да не стане втор Џорџ Буш помладиот на Блискиот исток, што престанал да мисли како да биде Барак Обама - како да остави уникатно наследство и да обезбеди почва за демократија... без да дејствува.
Ново на Сител
-
Пожар во куќа во скопско Нерези
-
Во Центар три лица влегле во соблекувалните на спа центар, празнеле паричници
-
Владата утре се очекува да разговара за цените на прехранбените производи
-
Меџити: Во општина Свети Николе само во водоводна инфраструктура инвестираме над 1.3 милиони евра
-
Истепан малолетник во Центар, му ги одзеле патиките и јакната
-
Кривична пријава за Германец, фатен со дрога на граничен премин
-
Сите пристапни улици до штипската Клиничка болница ќе се реконструираат
-
Студентите во БиХ бараа одговорност за жртвите и уништувањето во минатогодишните поплави