Во пожарите во Португалија и во Шпанија загинаа 35 лица
Најмалку 35 лица загинаа во пожарите кои од вчера уништуваат земјоделско земјиште и шуми во Португалија и во Шпанија.
Во Португалија вчера и денеска загинаа 32 лица, а можно е да се зголеми бројот на жртви. Во огнената стихија повредени се 56 лица.
Во Шпанија, пожар ја зафати северозападната област Галиција, при што загинаа три лица. Пожари му се закануваат и на градот Виго, каде приградска студентска населба морала да биде евакуирана.
Пожарникарите и понатаму се борат со 50 пожари во Португалија и речиси ист број во Шпанија.
Во гаснењето на пожарите не се вклучени канадери поради густиот чад, кој ја намалува видливоста.
Владата на Португалија побара меѓународна помош и прогласи вонредна состојба на територијата северно од реката Тајо, што е половина од копнената површина на земјата.
Португалските и шпанските власти оценија дека некои од пожарите се подметнати.
Португалија се уште се опоравува од најсмртоносните пожари во историјата на земјата. Во пожарите во јуни годинава загинаа 64 луѓе.
Ново на Сител
-
Белата куќа: Иран е способен да произведе нуклеарна бомба за „неколку недели“
-
Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток и ќе остане така, вели директорот на СОЗР Томовски
-
Нови големи протести против Трамп закажани за средината на јули - „Во Америка, моќта му припаѓа на народот!“
-
Почнав со импровизиран салон од 8м2, денес имам 10 вработени | Октај Сејди | Sitel Podcast 098
-
Сè уште се чека одлуката на Трамп за евентуално вклучување на САД во конфликтот на Блиски Исток
-
На Табановце се чека 40 минути за влез, а на Богородица 30 минути за излез од земјата
-
Во Иран уапсени 24 лица поради шпионажа во корист на Израел
-
ИДФ: Иран напаѓа со ракети со повеќе боеви глави