Во последното деноноќие од Ковид-19 починаа две лица од Дебарско
Во последното деноноќие, како последица од Ковид-19 починаа две лица од дебарско, едно во ковид центарот во Општата болница со проширена дејност во Дебар, додека другото во здравствена установа во Скопје, информираше за МИА, Баки Алили, директор на болницата.
– Еден од пациентите е жител на село Отишани, дебарско, додека другиот на село Баланци, општина Центар Жупа. Во инфективното и хируршкото одделение, хоспитализирани се 30 ковид пациенти, сите на кислородна поддршка. Моментно имаме на располагање уште седум болнички кревети, додава Алили.
Според него амбулантски се лекуваат во просек по 20 пациенти, додека за преглед се јавуваат по двапати повеќе.
-Поради влошена клиничка слика во последното деноноќие на понатамошен третман во здравствени станови во Скопје пренесени се двајца пациенти, со што во установи таму сега имаме седум наши сограѓани. Моментно активни на болеста, според официјалната статистика се 232 лица, но реалната бројка е поголема, бидејќи многу заразени кои иако се активни не се јавуваат на преглед во почетна фаза, посочува тој.
На подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кое со здравствена заштита ги покрива дебарската болница, само овој месец потрдени се 318 нови случаи, главно невакцинирани, во списокот на закрепнати се внесени 119, додека за жал починале 14 лица.
Ново на Сител
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово