Македонија
19. December 2015 - 18:31

Во понеделник 15 минути од 12:30 до 14:30 во прекин сообраќајот кај Пресека

Во понеделник (21 декември) во периодот од 12:30 до 14:30 часот петнаесетина минутини во прекин ќе биде сообраќајот кај Пресека - с. Врбјани, на патниот правец А2 Кичево – Охрид, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива непречено по претежно суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.