Свет
12. March 2018 - 17:47

Во Полска отпуштени 17 заменици-министри

Полскиот премиер Матеуш Моравијецки изјави денеска дека 17 заменици министри во владата се отпуштени, со цел на тој начин да се подобри работата на кабинетот и да се направи „помалку политички“.

Моравијецки тоа го изјави во време кога опозицијата покрена прашање за трошења во Министерството за одбрана и за високите бонуси кои лани биле исплаќани на членови на претходниот тим во владата.

Моравијецки не ја спомена потошувачката, но истакна дека отпуштањата треба да придонесат за консолидација на работите и да се подобри соработката.

Од 100 заменици-министри, откази добија 17, јавуваат локални медиуми. Опозицијата нагласува дека тие отпуштања не значат многу бидејќи мнозинството од нив ќе продолжат да работат на функции од понизок ранг.