Живот
2. April 2019 - 14:30

Во Полска гореше Хари Потер: Свештеници ги запалија книгите за младиот волшебник поради светогрдие

Католичките свештеници од северот на Полска запалија многу книги кои ги сметаа за светогрдие, вклучувајќи ги и детските романи за Хари Потер, популарниот млад волшебник кој го гледаме и на големото платно и на ТВ екраните, пишува Би Би Си.

Религиозната грипа, „Fundacja SMS Z NIEBA", објави на Фејсбук фотографии од палењето на книгите и го оправдуваше со сите библиски наводи кои ја осудуваат магијата и магионичарите. Групата инаку функционира така што на христијаните им испраќа пораки преку СМС.
 

„Црквата се наоѓа во Гдањск, и се работи за црквата Света Девица Мајка и Света Катерина Шведска, а палењето е извеена вчера утро“, тврдат во локалниот дневен весник Дјеник Журнал.