Во полиција пријавени три тепачки
– До полицијата стигнале пријави за три поединечни инциденти во текот на вчерашниот ден.
Како што соопшти МВР, вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.00 на подрачјето на Центар, Г.А.(47) од Скопје бил физички нападнат од А.Д.(54) од Скопје.
Во вториот случај, синоќа околу 19 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров поради меѓусебно недоразбирање дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.С.(44) и Т.М.(39), двајцата од Скопје.
Третиот случај е регистриран на територија на СВР Тетово. Н.Д.(39) од Тетово синоќа пријавил во полиција дека во близина на такси компанија во Тетово, по претходна расправија, бил физички нападнат од З.Н. и уште едно лице.
Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.
Ново на Сител
-
Одложено судењето за „Адитив“, доцнеше полицискиот спровод на обвинетите
-
Камен темелник на Ветерниот парк во Штип
-
Вреди: Во Струга имаме сигурен кандидат
-
Арпата од ланската реколта ќе се откупува за стокови резерви
-
Бројни културни манифестации за привлекување туристи
-
Преглед на вестите од светот
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство