Во Подгорица и Будва прогласена епидемија на сипаници
Во Подгорица и Будва е прогласена епидемија на сипаници(морбили), откако во текот на минатата недела беа регистрирани три нови случаи на мали сипаници, со што вкупниот број на регистрирани случаи во Црна Гора во последните пет месеци се зголеми на 19.
Институтот за јавно здравје апелира до родителите да ги вакцинираат своите деца и предупредуваат дека постои опасност од ширење на епидемијата на морбили.
Родителите се повикуваат да не испраќаат невакцинирани деца во установите (предучилишни установи, игротеки, јасли, спортско-рекреативни објекти, патувања, екскурзии. . .
Малите сипаници се акутна, заразна, вирусна болест предизвикана од вирусот на мали сипаници.
Ризик да се заразат со вирусот на сипаници имаат лицата кои не прележале мали сипаници или кои не биле вакцинирани против сипаници, објави подгоричкиот портал ЦдМ.
Ново на Сител
-
Дурмиши: В понеделник одговор од работната група за есенската кошничка
-
КИНСИВ ќе отвори истрага за настанот на небото над Скопје
-
20 ГОДИНИ НЕОТЕЛ: Прослава на две децении пионерство во телекомуникациите
-
Се урна воен авион Л-39 во Бугарија
-
Кривични за две лица кои праќале писма на вработен во ОВР Дебар
-
Почина жена која управувајќи тротинет била удрена од автомобил
-
При претрес во Струмица пронајдени дијаманти
-
Над 300 проекти пријавиле општините на повикот на Владата