Во Пакистан девет полицајци загинаа во напад на нивното возило
Најмалку девет полицајци загинаа денеска, а 16 се повредени во напад на нивното возило во југозападен Пакистан, соопштија извори блиски до полицијата.
„Бомбашот-самоубиец управувал мотоцикл и намерно налетал на возилото одзади“, соопшти локалната полиција, додавајќи дека нападот се случил на околу 120 километри југоисточно од Квета, главниот град на провинцијата Белуџистан.
Од полицијата додаваат дека бројот на жртви би можел да биде поголем, бидејќи некои од повредените се во критична состојба.
Белуџистан е голема, сиромашна и ретко населена провинција во југозападен Пакистан, која се граничи со Авганистан и Иран. Долго време беше место на етничко, секташко и сепаратистичко насилство.
Пакистан веќе неколку месеци, особено откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан во август 2021 година, се соочува со влошена безбедност, особено во пограничните области.
Ново на Сител
-
Дубаи потпиша договор за брза транспортна мрежа со компанијата на Илон Маск
-
Руски дрон удри во нуклеарката во Чернобил | ВИДЕО
-
МЗШВ: Во чест на денешниот празник Свети Трифун, исплатени се 315.745.324 денари кон 11.689 лозари
-
Странски туристички агенти влегоа во Северна Кореја првпат по затворањето на границата во 2020 година
-
Таравари: Со пакет мерки да ги решиме грбот, химната и другите заостанати прашања
-
Дибала повторно се повреди
-
Манчестер Сити губи клучен играч до крајот на сезоната
-
Раниери лут по мечот со Порто: Судијата едвај чекаше нешто да се случи, за да му ја подари победата на противникот