Во општина Виница има 433 корисници на социјална помош
За првите седум месеци од 2017 година, корисници на социјална помош во општина Виница, се 433 лица, од кои на 181 носител на правото од социјална парична помош му се исплатени 3.342.835,00 денари. Најбројни корисници на социјална помош се Ромите, вкупно 101, а 75 се Македонци.
Од социјалните случаи, 127 домаќинства живеат во градот, а 54 се во селата. Најбројни се оние на возраст од 26 до 45 години.
Во 2016 година биле регистрирани 197 носители и 451 корисник на кои им се исплатени вкупно 5.874.892,00 денари.
Од центарот за социјални работи Виница истакнуваат дека и понатаму важи можноста, сите корисници на правото на социјална парична помош со доставување на платена сметка за потрошена електрична енергија, или извршено купување на огревно дрво, нафта за греење или јаглен за греење, да остварат и да користат право на субвенции за потрошена енергија во месечен износ до најмногу 1.000 денари, а оние корисници кои имаат ученици во средно образование можат да користат условен паричен надоместок на годишно ниво во висина од 12.000 денари.
Висината на социјалната парична помош за едночлено е 2.831,00, за двочлено 3.878,00; за тричлено 4.925,00 денари, за четиричлено 5.973,00, за петчлено 7.020,00 денари. Парите се преполовуваат после третата година од користење на истите
Ново на Сител
-
Во петок дожд и снег на планините, за викендот стабилно и студено време
-
На посиромашните земји им требаат трилион долари годишно до 2030 година поради климатските промени
-
Пронајден кокаин, марихуана и две дигитални ваги кај 26 годишна девојка во Аеродром
-
Отишле на лов па го застрелал од пушка за која немал дозвола, уапсен 54 годишник во Штип
-
Андоновски: Корупцијата не смее да ја загрози дигиталната безбедност
-
По четири дена изгаснат е пожарот на планината Беласица
-
Раде Штекли повреден по експлозијата на бомба во Керамидница
-
Фрлена бомба во двор во Керамидница, едно лице повредено