Во Општина Гази Баба се одржа манифестацијата „Вкуси ја Гази Баба- Вкус за сите генерации”
На плоштадот во Автокоманда се оджа манифестацијата „Вкуси ја Гази Баба- Вкус за сите генерации”, што беше организирана од Општина Гази Баба.
– Посетителите имаа можност да се запознаат со компаниите кои на посебни штандови ги претставија своите производи, да дегустираат од гастрономските умешности на врвни готвачи и да уживаат во одличната музичка програма за сите генерации, соопштија од Општина Гази Баба.
Градоналалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски ја отвори манифестацијата и изрази задоволство што втора година по ред, овој настан е епицентар на културните збиднувања.
– Чест ми е што ја имам можноста да ја отворам манифестацијата „Вкуси ја Гази Баба – Вкус за сите генерации” која ја спроведуваме втора година по ред. Среќен сум што внесуваме еден нов, урбан и модерен концепт на организирање на културни настани во нашата општина. Граѓаните имаа можност да слушнат едукативни совети од врвни стручни лица за готварството и здравата храна. Целта е компаниите да ги презентираат своите услови, своите производи, а со тоа да бидат што подостапни и поблиску до граѓаните, посочи градоначалникот Георгиевски.
Ново на Сител
-
Поднесено обвинение против три лица кои запалиле кафуле во Кисела Вода
-
Задушница - спомен за починатите
-
Бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Светскиот ден на туристички водичи
-
Студено утро, преку ден сончево со мала облачност
-
Состојба на патишта
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен