Бизнис
25. December 2019 - 15:37

Во октомври 68,1 отсто од потрошената струја од домашни извори

Во октомври годинава во земјава вкупно се потрошени 570.138 мегават часови електрична енергија, 20,245 милиони нормални кубни метри гас, 430.426 тони јаглен и 96.232 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика,  68,1 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 92,6  отсто од вкупно потрошениот јаглен е употребен за производство на струја.