Македонија
29. January 2019 - 15:51

Во Охрид зголемена наплата на средства од туристичка таска

Охридската Локална самоуправа денеска соопшти дека благодарение на мерките што ги спровела во насока на развој на туризмот континуирано се зголемуваат приходите во општинскиот буџет остварени преку наплата на туристичката такса.

Анализите спроведени од страна на Секторот за туризам и локален економски развој покажале дека вкупната наплата на туристичка такса за 2018 година од физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем и хотели е зголемена за 14 проценти споредено со оние реализирани во 2017 година.

Според податоците, наплатата на туристичката такса од физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем и хотели за 2018 година изнесува 21.236.895 денари, додека истата година претходно изнесувала 18.562.808 денари.