Во Охрид отворен петиот по ред програмерски маратон „Codefest
Со конференцијата „Cоdeference“ денеска во Охрид беше отворено петтото издание на програмерскиот маратон „Кодфест“.
Јасна Тренгоска, кооснивач на манифестацијата истакна дека станува збор за настан што ја прославува технологијата, иновациите, креативниот дух на младите програмери, а отвара можност за формирање технички трговски друштва и мали бизниси од областа на информатиката.
- Настанот е осмислен како своевидна мотивациска платформа каде што младите луѓе од Македонија и регионот можат да започнат и развиваат свои бизнис-проекти, при што ќе имаат можност да црпат знаења и искуства од врвни експерти професионалци од областа од целиот свет кои се присутни тука, рече таа.
Фондот за иновации и технолошки развој ја поддржува манифестацијата, нудејќи финансиска помош на субјекти и млади програмери во разработувањето на нивните иновативни идеи и бизнис-вештини.
- Доделуваме 1,45 милиони евра на 25 компании, од кои очекуваме барем 15 да бидат „старт ап“ млади компании со иновативни решенија. Ова е трета година како доделуваме поддршка и се надеваме дека ќе имаме добри апликации на повикот што е отворен до 3 мај, рече директорката на Фондот, Јасмина Поповска.
Јубилејната фестивалска програма содржи повеќе предавања и интерактивни активности, како и посебен „Бизнис-експо“ дел на кој ќе се претставаат десет компании од областа на информатичката технологија и програмирањето, како и „старт-ап“ компании за млади програмери.
Официјалниот натпреварувачки дел од 32-часовниот „Codefest marathon“ е предвиден за 8 април, со учество на 27 пријавени тимови од регионот, поделени во три категории – млади до 16 години, студенти од 17 години до мастер студии и професионалци. Тие во текот на 32 часа ќе разработуваат иновативни идеи и програмски прототипи. Паралелно со одржувањето на маратонот во програмирање ќе се одржуваат и мултидисциплинарни работилници, што ќе бидат отворени за пошироката јавност.
Манифестацијата ќе биде заокружена в недела кога ќе бидат презентирани проектите на натпреварувачките тимови, по што ќе следува прогласувањето на победниците.
Пример за позитивни ефекти од настанот се конкретни успешни приказни произлезени од настапот токму на програмерскиот маратон, меѓу кои се издвојуваат минатогодишните победници кои за помалку од една години успеаја целосно да го развијат и пласират својот производ на пазарот. Дваесеттина тимови што учествувале на изминатите маратонски натпревари веќе имаат остварено соработка со странски „стартапи“ и се во фаза на изготвување на своите производи на светскиот технолошки пазар.
Ново на Сител
-
Приведен 65-годишен скопјанец за поседување пиротехника без документација
-
Во Кисела Вода почна Skopje Street Food Festival – #Burgerology vol. 2
-
Камбовски: Разрешениот судија Енвер Беџети има право на жалба
-
Димитриеска-Кочоска - Славески: Ефикасна координција меѓу монетарната и фискалната политика за макроекономска стабилност
-
Андоновски: До 2035 година Македонија целосно дигитализирана
-
Судски совет: Судството не било ажурно во првиот квартал, причина малку судии и многу неработни денови
-
Британија ќе и испорача 100 илјади дронови на Украина
-
Пандев: Да се прават промени во Македонија е многу тешко, но ние сме оптимисти за иднината