Во Њујорк проглaсена вонредна состојба поради епидемија на морбили
Во една област во американската сојузна држава Њујорк е прогласена вонредна состојба, поради една од најголемите епидемии на мали сипаници во последните неколку децении.
Поради тоа во областа Рокланд во следните 30 дена, на сите малолетни лица кои не се вакцинирани ќе им биде забранет пристап на јавни места, додека не се вакцинираат.
Станува збор за последна во низата епидемии во САД, кои се бастион на движењето против вакцинирање. Рокланд, кој се наоѓа на околу 20 километри од Менхетн во Њујорк, прогласи вонредна состојба поради морбили, која ќе трае 30 дена или додека сите невакцинирани деца не примат ММР вакцина.
Според американскиот Центар за контрола на болести и превенција епидемија на мали сипаници е регистрирана уште во Калифорнија, Илиноис, Тексас и Вашингтон.
Во последниот извештај на СЗО, објавен во ноември минатиот век се наведува дека порастот на лажни вести за вакцините, заедно со генерално лошата состојба на системот за здравствено осигурување ширум светот, е една од главните причини поради кои дојде до зголемување на заболени за 30 проценти во однос на 2016 и 2017 година .
– Само неколку случаи можат брзо да прераснат во десетици или стотици илјади, ако граѓаните не се вакцинирани, истакнува СЗО.
Најголем проблем се Северна и Јужна Америка, Европа, како и земјите од источниот Медитеран.
Ново на Сител
-
Парламентарни избори во Германија
-
Облачно со слаб ветер, дневната температура до седум степени
-
Македонија со 4 финалисти на Европското во Пловдив
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро