Во Њујорк пристигна руската медицинска помош
Руски воен транспортен авион пристигна во Њујорк, носејќи тони медицинска опрема и маски, помош за САД во борбтата против новиот коронавирус.
Рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп во понеделникот, понудил медицинска помош.
Помошта најверојатно нема да биде популарна кај критичарите на Трамп, кои претходно го предуредија американскиот претседател да не прифајќа ништо од Путин и тврдат дека Москва такиот вид помош сака да ја искористи како геополитичка и пропагандна алатка за унапредување на своето влијание.
Кремљ ги негираше таквите обвинувања.
– Трамп со благодарност ја прифати оваа хуманитарна поомош, истакна синоќа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој наведе дека Путин нудејќи им помош на САД, имал во предвид, кога американските производители на медицинска опрема обезбедат резерви да и вратат на Русија на ист начин. Песков додаде дека на таков принцип соработуваат Москва и Пекинг.
– Сега кога моменталната ситуација влијае и може да се окарактеризира како глобална, не постои алтернатива за заедничката работа во духот на партнерството и взаемната помош, истакна вчера Песков.
И неименуван американски претставник потврди дека пратката е директен резултат на телефонскиот разговор Трамп – Путин.
Тој додаде дека помошта се состои од 60 тони вентилатори, маски, респиратори и друга опрема.
Во САД досега 215.300 луѓе се инфицирале со Ковид-19, од кои и над 5.110 смртни случаи, 8.878 оздравеле.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова ќе се сретне со со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри
-
ЦУК: Забрана за движење кај стрелиштето „Леково“, пожари во Кавадарци и Велес
-
Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај
-
Синдикатот на просветни работници во Србија в четврток ја прекинува работата во сите училиштата поради загрозена безбедност
-
Герапетритис: Бараме усогласување со Договорот од Преспа, не е прашање на самоопределување, туку почитување на договореното
-
Неексплодирана рачна бомба пронајдена на улица во Демир Капија
-
Четиринаесет жртви во бомбардирањето на станбена зграда во близина на бегалскиот камп Нусејрат
-
Казнет и протеран од Косово брачен пар од Русија кој беше уапсен поради нелегален влез од Србија