Во невреме во Индија загинаа 24 лица, најголем број од удари на гром
Најмалку 24 лица загинаа во Индија во силното невреме што ја зафати земјата вчера и денеска, соопштија индиските власти.
Најмалку 18 од вкупниот број загинати луѓе се припишуваат на удари од гром, објави Би-Би-Си
Индискиот министер за внатрешни работи Амит Шах рече дека е „длабоко тажен поради загубата на животи“ и додаде дека локалните власти се ангажирани во хуманитарни активности.
Дождот оштети голем број куќи и усмрти добиток ширум западната држава Гуџарат, која беше погодена од обилни врнежи од дожд, придружени со грмежи и град, во неделата и понеделникот, а во некои области наврнаа и до 144 милиметри дожд за 24 часа.
Во западниот дел на Индија денеска се очекува да продолжат врнежите од дожд и град.
Бројот на удари на гром во Индија се зголемува, така што се регистрирани повеќе од 18 милиони само помеѓу април 2020 година и март 2021 година, се наведува во студијата на Советот за промоција на системи за набљудување на климата.
Ова е зголемување од 34 отсто во однос на истиот период лани. Научниците предупредуваат дека зголемувањето на глобалните температури ги поттикнува екстремните временски настани.
Ново на Сител
-
Швајцарска олимпијка загина во лавина
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот