Свет
24. July 2024 - 8:56

Во Непал се урна авион при полетувањето

– На аеродромот во главниот град на Непал, Катманду утрово се урна авион при полетување. Во авионот имало 19 патници и членови на екипажот.

Спасувачката операција е во тек, додека полицијата и пожарникарите се на местото и се обидуваат да ја стават ситуацијата под контрола.