Македонија
11. October 2017 - 13:16

Во Неготино одбележан 11 Октомври

Во Неготино денеска по повод празникот 11 Октомври бројни делегации положија цвеќе пред бистите на загинатите првоборци. 

- Денешниот собир е посветен на одбележувањето на Денот на востанието на македонскиот народ и Ден на борците на Македонија. На овој  ден пред 76 години, се огласија истрелите од првите партизански пушки во Прилеп и Куманово. Тие беа првите искри кои го запалија факелот на слободата, започна славната четиригодишна Народноослободителна борба, која беше победоносна и резултираше со слобода и создавање на сопствена држава, рече меѓу другото Петар Стефанов, секретар на Општинската организација на Сојуз на борци од НОВ и граѓани продолжувачи. 

Тој се осврна и на учеството на населението од Неготино во таа борба за слобода.