Бизнис
7. July 2016 - 15:04

Во Неготино и Демир Капија 3.640 апликации за субвенции за растително и сточарско производство

Во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Неготино, се поднесени 3.640 апликации за субвенции за растително и сточарско производство од страна на земјоделци и сточари од Неготинско и Демиркаписко. 

- Годинава аплицирањето беше по електронски пат, но и со доставување документи во просториите на нашата подрачна единица. Сепак доминираа земјоделците и сточарите кои своите барања за субвенции,   ги доставија  лично до надлежните лица, информираше денеска Златко Пенков, началник на подрачната единица на Министерството.