Во недела повеќе линии на ЈСП ќе возат по изменет режим
Во недела (8.05.2022 год), поради одржување на уличната трка Халк Еко „Скопје трча 10 км“, во период од 8 до 11.30 часот, линиите 2, 4, 7, 8, 11, 11а, 12, 15, 15А, 19, 21, 22, 22А, 32, 56, 56а, 59 и 60 ќе возат по изменет режим од вообичаениот.
ТРАСИ НА ДВИЖЕЊЕ
Линиите 2, 4, 11, 11а, 12, 21, 22, 22А, 32, 56, 56а и 60 во правец кон Ѓорче Петров, кога ќе пристигнат кај ТЦ „Сити мол” ќе вртат лево по улица „Московска“, па десно по улица „Војвода Васил Чакаларов“ и од Порта Влае, секоја ќе продолжи по својата вообичаена траса.·
Во обратна насока, сите ќе сообраќаат по вообичаената траса.
Линија 8 од мост „Гоце Делчев“ по булевар „ВМРО“, ќе продолжува по булевар „Партизански одреди“ се до ТЦ „Сити мол“, потоа лево по улица „Московска“, па десно по улица „Војвода Васил Чакаларов“ и кај Порта Влае ќе продолжува кон својата почетна постојка.
во обратна насока,се до Соборен хром ќе сообраќа по булевар „Партизански одреди“, па по булевар „ВМРО“, мост „Гоце Делчев“, па по својата вообичаена траса.
Линиите 7, 15, 15А, 19 и 59 во правец од Карпош 3 према Центар ќе сообраќаат по улица „Карпошово востание“, улица „Бледски договор“, булевар „Партизански одреди“ од каде секоја ќе продолжи по својата вообичаена траса.
Линијата 15А ќе сообраќа како линија 15.
Линиите 15, 15А и 19 во Карпош, за терминал ќе го користат терминалот од линиите 7 и 59.“, соопштија од ЈСП Скопје.
Одделение за односи со јавност
ЈСП Скопје
Ново на Сител
-
39-годишен маж пронајден мртов во својот дом
-
Измамен за посредување работа во странство, жител на неготинско село оштетен за 77.461 денари
-
Претрес во фабрика за производство на канабис во Гостивар, приведени сопственикот и еден вработен | ВИДЕО
-
СДСМ: Пак нема лекови на Онкологија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пред Велигден ќе има терапија
-
Предлог законот за судска служба поставен на ЕНЕР
-
Цела недела се трага по исчезнато лице
-
Уапсен Миле Кекин, поранешен фронтмен на групата „Хладно пиво“