Македонија
30. December 2022 - 15:52

Во напуштена куќа во Скопје пронајдено починато лице со видливи повреди

Денеска (30.12.2022) во 07.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во напуштена куќа на Адвокатска улица, во близина на угостителски објект, било пронајдено починато лице со видливи повреди.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт и бил известен јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено за обдукција.

Се работи на расчистување на случајот.