Во МВР потпишан Протоколот за спроведување нa Спогодбата за преземање лица кои престојуваат без дозвола
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во МВР остварил работна средба со амбасадорот на Француската Република во Република Македонија Сирил Бомгартнер и директорката за меѓународна соработка на МВР на Франција, Софи Ат.
Спасовски ги поздравил присутните и изразил благодарност за реализираната средба која, според него, ќе придонесе за натамошен развој на меѓусебните односи, особено во насока на уште поголемо унапредување на билатералната соработка, која и сега се одвива со голем интензитет.
– Денешнава средба беше искористена и за потпишување на Протоколот за спроведување нa Спогодбата за преземање на лица кои престојуваат без дозвола, за чие навремено усогласување во голема мерка се заслужни експертите на двете страни. Со неговото стапување на сила ќе се олесни справувањето со илегалната миграција, борбата со прекуграничниот криминал, но и заканите од тероризам, што е од големо значење за земјите кои се најпогодени од мигрантските напливи, а секако ќе ја олесни и постапката при преземање на лицата кои престојуваат без дозвола, соопштија денеска од МВР.
Министерот Спасовски изразил благодарност во свое име за укажаната поддршка од Амбасадата на Француската Република и аташето за внатрешна безбедност на Министерството за внатрешни работи, пред сѐ за понудените и реализираните обуки, семинари и друг вид поддршка, кои и покрај отежнатите услови поради пандемијата со ковид-19, се одвиваа непречено, како и за поддршката на нашите аспирации за членство во Европската Унија.
Ново на Сител
-
Тројца скопјани физички нападнале 11 Турци во угостителски објект во Центар
-
Куче намириса 2 килограми кокаин на скопскиот аеродром | ВИДЕО
-
Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции
-
Ја голтнал дрогата што ја купувал кога видел полиција па завршил во болница
-
Кумановската полиција пронашла седумнаесет мигранти од Сирија
-
Почина еден од најуспешните винопроизводители во светот, Жозеп Ферер Сала
-
Нова промена на цената на горивата од полноќ
-
Зголемен бројот на туристи и на ноќевање