Свет
5. October 2017 - 8:33

Во Марко запленети 2, 5 тона кокаин

Мароканските власти денеска соопштија дека заплениле два и пол тони кокаин и уапсиле 13 лица во акцијата извршена во три града.

Дрогата била запленета во градовите Шкират и Бузники, како и во градот Надор, а полицијата истовремено запленила и автомобили, пушки и 480.000 долари, соопшти мароканското Централно биро за судски истраги.

Меѓу осомничените се лица со двојно, мароканско- холандско и мароканско-шпанско државјанство.
Две лица, за кои постои сомневање дека биле организатори на криминалната мрежа, се веќе во притвор поради претходни обвиненија.

Директорот на мароканското Биро, Абделхак Кијам рече дека кокаинот пристигнал од Мексико и Венецуела.