-->
-->
Во манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“ одржан првиот научен симпозиум на ЕФТА
-->
Во организација на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска, Театарска и Танцова академија – Скопје, викендов во манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“ се одржа првиот научен симпозиум на ЕФТА, посветен на Бугарската драма и театарзастапени во Македонија од 1945 година, до денес.
- Ние се обидуваме аналитички да ги регистрираме, систематизираме и проучиме, не само хронолошки, туку и на научна основа да проанализираме одредени ситуации за придонесот на Бугарскиот театар во РМ. Тоа значи дека се она што било гостување на некаков театар до Бугарија да се анализира, регистрира и спореди, се што е активност на бугарски деец, режисер, автор, костимограф, сценофра-исто така. Но и да видиме колку Бугарската драматургија била присутна на тлото на Македонија и преку кои автори, информира Гоце Ристовски, автор.
Ристовски истакна дека на симпозиумот било договорено ист ваков научен собир да се организира и во Бугарија.
- Не станува збор за надеж дека некои нешта се доближуваат, туку договорени се конкретни проекти кои ќе следуваат наскоро и во текот на следните години. Наредна активност на ЕФТА во оваа насока е научно презентирање на германската драма и театар. Ваквите настани се плод на соработката со неколку универзитети со кои имаме идеја во иднина да создадеме проекти кои ќе бидат финансисрани од фондовите на Европската унија, дополни Ристовски.
Истовремено снимен е и документарен филм за симпозиумот кој ќе послужи како едукативен материјал за студентите.
На сесиите свои излагања имаа бројни еминентни имиња од Бугарија и Македонија, меѓу нив Јордан Плевнеш, драмски писател и дипломат, Ристе Стефановски, хроничар и историчар на Македонскиот театар, актерката Милица Стојанова, актерката Снежина Петрова од Бугарија, Христо Бојчев, најзначајниот и најигран Бугарски автор, во над 50 земји во светот, професори од новиот Бугарски универзитет и други.
Првиот ден од симпозиумот свое обраќање имаше и амбасадорот на Бугарија во Македонија, Иван Петков.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Шведска транспортирани двајца повредени во пожарот во Кочани
-
Двајца од хоспитализираните во Бугарија се екстубирани, еден е на маска за кислород, а останатите се во тешка, но стабилна состојба
-
„Требаше да наполни 25 години, кoj ќе ми го врати мојот син“, потресно обраќање на татко чиј син загина во „Пулс“
-
Со мирен марш струшките средношколци им оддадоа почит на жртвите во Кочани
-
Клековски: Згрижувањето на пациентите од пожарот во „Пулс“ е завршено, од утре се фокусираме на планирањето на следните чекори
-
Приведени седум полицајци кои помогнале „Пулс“ да се стекне со лиценца
-
„Ја закопавме маме, сега тебе, која судбина ја имам“, емотивна објава на Марија за нејзината сестра Лепа
-
Мелони: Разговорот меѓу Трамп и Путин создаде надеж за завршување на војната во Украина