Во македонскиот културен центар во Софија отворена новинарска изложба
Вечерва на 4-ти Мај во КИЦ на РСМ во Софија се отвори изложбата "Приспивни сирени" на македонската новинарка Кристина Атовска во продукција на Виктор Петрески.
Изложбата е создадена по три месечен престој на Кристина на воените жаришта во Украина и снимањето на нејзиниот документарен филм со истиот наслов.
Изложбата ја отвори директорот на КИЦ -от д-р Сашко Насев кој зборуваше за блиските македонско-украински врски и за трагедијата предизвикана од агресијата на руската федерација врз Украина.
Пред бројните гости се обратија и претставничката на украинската амбасада во Софија, Ирина Козик и познатата украинска писателка и преведувачка на повеќе од 30 македонски автори на украински јазик,
Ана Баграјана. Тие изразија благодарност до КИЦ на РСМ во Софија и до авторите за овој извонредно храбар чин.
Со високо емотивен набој Кристина и Виктор со страст зборуваа за нивното дело а Кристина Атовска по три месечниот престој на воените жаришта во Украина пластично ги долови трагедиите во Буча, Харков и други украински градови.
На крај беше прикажан трејлер од документарниот филм "Приспивни сирени" и целиот настан беше поздравен со бурни аплаузи.
Самиот документарец веќе е прикажан на повеќе меѓународни фестивали за документарен филм.
Сите присутни со восхитеност ја поздравија помошта од секаков вид што малата Северна Македонија и' ја пружа на прекрасната и голема Украина.
Еден исклучително благороден настан во КИЦ на РСМ во Софија.
Ново на Сител
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ