Во мај издадени 222 одобренија за градење, нови 477 станови
Во мај годинава се издадени 222 одобренија за градење, што е за 7,9 проценти помалку во однос на мај лани. Во извештајниот период е предвидена изградба на 477 станови, со вкупна корисна површина од 38.951 метар квадратен, објави денеска Државниот завод за статистика.
Најмногу одобренија се издадени во Скопскиот регион, 40, каде предничат општините Центар, Бутел и Шуто Оризари, со по девет дозволи. Следи Југозападниот регион со 39 одобренија, од кои 20 се во Кичево. И во Струмица се издадени 20 одобренија за градење, кои се дел од 36-те издадени за цел Југосточен регион. Најмалку дозволи за градење, четири, има во Североисточниот регион.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.529.344.000 денари, што е за 4,2 процента помалку во однос на мај минатата година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 116 (52,2 процента) се наменети за објекти од високоградба, 41 (18,5 проценти) од нискоградба и 65 (29,3 проценти) за објекти за реконструкција.
Кај 116 (52,3 проценти) објекти како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 106 (47,7 проценти) инвеститори се деловни субјекти.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип