Во Лазарополе утрово најстудено, 12 степени под нулата
Најстудено утрово е во Лазарополе со измерени 12 степени под нулата. Минусни температури има и во Маврово и Крушево (-10), Берово и Дебар (-8), Охрид и Претор (-6), минус пет степени во Тополчани, Ѓуриште, Пожаране, минус четири во Куманово и Прилеп, минус три во Крива Паланка, Штип, Струмица, Демир Капија, минус два во Битола, Скопје, Скопје Петровец и Тетово.
Најмногу снежна покривка измерена во 8 часот имало во Маврово (12 сантиметри), во Дебар 8, во Пожаране четири, во Крушево три и во берово два сантиметра.
Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека утрово времето е умерено до значително облачно со ниска облачност, а понекаде со слаб претежно северен ветер. На југозапад и југоисток е сосема ведро.
Претпладне денеска ќе биде малку до умерено облачно, а од средината на денот сончево со мала облачност. Само на североисток ќе се задржи облачноста. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата од 1 до 6 степени.
Во Скопје претпладне со зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата до четири степени.
До крајот на работната недела следува период на претежно сончево, суво и студено време со слаб до умерен северен ветер. Утрата ќе бидат најстудени во четврток и петок. За време на викендот се очекува преодно наоблачување со малку повисоки температури особено наутро и со услови за појава на слаб снег претежно во северните делови. Во Сабота ќе дува и засилен северозападен ветер.
Ново на Сител
-
Таеквондо натпреварувач од Грузија колабираше во пеколот во фискултурната сала
-
Приведени две лица, одземено товарно возило, запленета стока | ФОТО
-
Гаши денеска стабилен
-
Приведени двајца скопјани, агресивно се однесувале кон вработените во Градската општа болница „8 Септември“
-
Повеќе од 24 часа исчезната е прилепчанката Билјана, семејството моли за помош | ФОТО
-
Сијарто: Пристапувањето на Украина во ЕУ нема да ја зајакне Украина, туку ќе ја доведе Унијата во војна
-
Поранешен чувар во амбасадата на САД во Осло обвинет за шпионажа за Русија и Иран
-
Вардар ја пречекува Лозана, Седлоски најави максимална борбеност против фаворизираниот противник