-->
-->
Во Куманово приведени хулигани од Олимпијакос
-->
Неколку навивачи на грчкиот клуб Олимпијакос, тепале вработен во бензинска пумпа „Лукоил“ во Куманово, дивееле низ дуќанот, украле повеќе артикли и избегале.
Имено, во неделата околу 11.10 часот на автопатотот Куманово-Скопје, на бензинска пумпа „Лукоил“, навивачи од Олимпијакос од Грција, без повод и причина, физички го нападнале вработениот Ј.А. (35) од Куманово.
Сторителите го удриле по главата и телото, го плукале, го влечеле и го туркале во маркетот и одзеле разни артикли и извршиле оштетување на објектот.
Во 15 часот во полицијата во Куманово, поради основано сомнение за сторен прекршок приведени и задржани се Х.А. (26), П.Ф. (26) и Т.В. (29) од Грција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи
-
Кандидатите за членови на Судски совет ќе чекаат нова сеница за да дојдат на дневен ред
-
Преглед на вести од светот
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот