-->
-->
Во Куманово осум новозаболени со Ковид-19 од кои двајца од Липково
-->
Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира осум новозаболени лица од Ковид-19, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Од нив шестмина се од Куманово, двајца од Липково.
-Новорегистрираните имале контакти со веќе заболени лица, изјави доктор Ариф Љатифи, директор на Центарот за јавно здравје Куманово.
Денеска, извршени се вкупно 44 тестирање од кои 20 по „Мој термин“ и 24 согласно епидемиолошки индикации.
Од почетокот на епидемијата според податоците на Министерството за здравство на територијата на Центарот за јавно здравје Куманово, дијагностицирани се 862 лицa заболени од Ковид-19 од кои во моментов активни се 194 случаи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови