-->
-->
Во Куманово одбележан Светскиот ден на здравјето
-->
Здружението на дијабетичари од Куманово и лекари од кумановската општа болница од Центарот за дијабетес, по повод 7 април - Светскиот ден на здравјето, денеска на градскиот плоштад организираа вонредна акција за бесплатно мерење шеќер во крвта.
Голем број кумановци, претежно повозрасни денеска ја искористија можноста и на лице место мереа шеќер во крвта и добија совети од лекарите како да ја подобрат општата здравствена состојба.
- Акцијата се организира по повод Светскиот ден на здравјето, но и да ја подигнеме свеста кај граѓаните навремено да извршат преглед и да измерат шеќер во крвта.Задоволни сме од досегашниот одѕив кај граѓаните, изјави Стефан Јовановски, претседател на здружението на дијабетичари од Куманово.
Тој додаде дека на ниво на општината има евидентирано околу 6.500 заболени лица од дијабетес, од кои 2.000 се на инсулинска терапија,но според Јовановски, на секој евидентиран дијабетичар има по еден кој не е евидентиран и затоа се организираат ваквите акции,со цел навремено откривање на дијабетесот.
Во меѓувреме на градскиот плоштад и учениците од здравствената насока од средното училиште „Наце Буѓони“ и волонтерите од општинската организација на Црвениот Крст, денеска организираа показна вежба за пружање прва помош наменета за девтоодделенците од градот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Од 16 пожари на отворено во последното деноноќие, изгаснати 13, два се уште активни и еден под контрола
-
Пожар во Калифорнија, уништени повеќе од 130 згради, 13. најголем во историјата на државата
-
УЈП: Преку „меки“ мерки и соработка кон подобрување на даночната усогласеност
-
Пронајдено е 8-годишното дете од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
-
ОЈО Гостивар отвори против тројца браќа за убиство од одмазда во гостиварско Дебреше
-
123 санкционирани возачи во Скопје, 22 за брзо возење
-
Трет ден расправа за ребалансот на Буџетот
-
Отворени Олимписките игри во Париз