Во Кривичниот суд пристигнати 1.986 барања за амнестија
- Во Кривичниот суд до денеска се пристигнати 1.986 барања поврзани со Законот за амнестија, со тоа што дел од барањата, како што посочуваат од Судот, може да се однесуваат на исто лице кое е осудено во повеќе предмети.
- Кривичните совети од одделот Кривично полнолетни и одделението за
Организиран криминал и корупција, како што и претходно информиравме, работат постојано и сите донесени решенија веднаш се доставуаат до затворките установи, од каде се пристигнати, за понатамошно постапување, се наведува во соопштението од Судот.
Посочуваат дека со оглед на големиот број на барања, кои се уште пристигнуваат во Судот, Кривичните совети продолжуваат со работа и за време на викендот се со цел да биде запазен законски утврдениот рок за постапување кој почнува да се смета од денот на приемот на барањето и истите веднаш се праќаат до установите, а откако ќе биде постапено по сите пристигнати барања, ќе може да излеземе со конкретна бројка на донесени решенија
Ново на Сител
-
ДИК најави седница за 14 часот
-
Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков
-
Попладнево состанок на претседателството на ДУИ
-
Земјоделците да ги заштитат посевите, повремените врнежи погодни за појава на плевели, болести и штетници
-
Тешко повреден 57-годишник во сообраќајка во Битола
-
Повредени 5 лица во сообраќајка помеѓу три возила на патот Кичево - Осломеј
-
Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Град Скопје: Казнето правното лице кое монтира панорамско тркало во Карпош