-->
-->
Во Крива Паланка започна проектот „Грижа за стари лица“
-->
Со воведна обука за ангажираните од страна на стручни лица, општина Крива Паланка денеска го означи официјалниот почеток на проектот „Грижа за стари лица“.
Координаторот на проектот, Елена Христовска, им посака успешна работа на ангажираните невработени лица од општината најавувајќи ги серијата обуки неделава со кои истите ќе бидат воведени во ангажманот.
- На официјалниот почеток на проектот обука одржаа доктор од Итната медицинска помош, медицинска сестра од лабораториата за дијабет од Здарвсвен дом, Крива Паланка, а обука за пристапот кон старите лица одржаа и претставник од општинската администрација и претставник од Меѓуопштински центар за социјални работи. Во текот на неделата е предвидена уште една обука од страна на Општинската организација на Црвениот Крст, изјави кооринаторот Христовска.
По двете обуки, ангажираните лица ќе излезат на терен, во посета и давање социјални услуги на крајните корисници.
- Општина Крива Паланка е носител на проектот и учествува со сопствени средства за да може тој да се дореализира. Проектот оваа година ќе се реализира по втор пат на територија на општината, а ќе бидат вклучени 15 лица - даватели ан услуга и 130 корисници, стари и изнемоштени лица, жени, во девет рурални населби: Жидилово, Узем, Костур, Станци, Конопница, Мождивњак, Тлминци и Длабочица. Списокот на корисниците не е затворен може да се надополнува ако некој сака да биде опфатен со услугите, рече Христовска.
Проектот „Грижа за стари лица“ е во рамки на програмата општинско-корисна работа, а е поддржан од Организацијата за развој на Обединетите нации - УНДП, Агенцијата за вработување на Република Македонија и Министерството за труд и социјална политика.
Проектните активности ќе траат до крајот на март 2018 година. Ангажираните лица ќе даваат социјални услуги во домашни услови по 20 часа неделно од типот: мерење крвен притисок, мерење на шеќер во крвта, физиотерапевтска масажа, психолошка поддршка, услуги од прехрамбената струка и други услуги предвидени во рамки на проектот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Златен џебен часовник од „Титаник“ продаден за рекордни 1,2 милиони фунти
-
Пронајдено безживотно тело на 26 годишна девојка во куќа во Штип
-
Лазаров го објави списокот на ракометари за собирот пред средбите со Фарски Острови
-
Силва го напушта Челси на крајот од сезоната
-
Партиите и коалициите продолжуваат со промоција на своите политички понуди на терен
-
125 санкционирани возачи во Скопје
-
Најмалку тројца полицајци убиени во престрелка во Северна Каролина
-
На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај