-->
-->
Во Крива Паланка одбележан Светскиот ден на лица со попреченост
-->
Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Крива Паланка во пресрет на 3 декември, Светскиот ден на лицата со попреченост, организираше свечена приредба на која учениците од основните училишта од Крива Паланка и Ранковце со песни, рецитации и драмски изведби ги развеселија лицата со попреченост од општината.
- Различностите ја прават целината убава, а убавината на целината е во почитувањето и непреченото остварување на правата на различностите, зашто секој од нас со својата особеност придонесува за убавината на светот, беше пораката упатена од настанот преку творбите на учениците, соединети во целите и намерите да им го разубават денот на корисниците во Дневниот центар.
- Годинава на конкурсот за ликовни и литературни творби на тема лица со попреченост учествуваа околу 200 ученика, а доделени се прво, второ и по две трети места, со цел што поголема вклученост на ученците, истакна Михајло Колев, сектерат на „Порака“.
Додаде дека здружението има цел јакнење на свеста кај луѓето за дружење и инклузија на лицата со попреченост и истата ја остварува полни две децении.
- Годинашните програмски одбележувања на 3 декември се совпаѓаат со два други настани, 10-годишнина од усвојувањето на Конвенција за правата на лицата со попреченост од страна на Обедиентите нации и пет години од ратификација на Конвенцијата од страна на Република Македонија, додаде Колев.
Според статистиките на Светската здравствена организација околу 1,5 до 2 отсто од светската популација се лица со интелектуална попреченост, додека бројот на лица со каква била инвалидност инесува околу 15 отсто од вкупното светско население.
Во Крива Паланка повеќе од 20 години постои Дневен центар за лица со телесна или интелектуална попреченост, кој е прв таков формиран во Македонија, а во моментот неговите услуги ги користат 22 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Ратификацијата на договорот со Британија пред пратениците
-
Изборот на гувернер заглави во Собранието
-
Владата донесе оперативен план за вработување кој опфаќа 16.000 граѓани, повеќето млади до 29 години
-
Сител во Естонија: Почна 11 конференција за е-управување
-
Проширена истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“