Во Крива Паланка 179 првачиња
Со свечен прием во основните училишта „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“ во Крива Паланка денеска беше означен почетокот на првиот училишен ден за 179-те првачиња кои ќе посетуваат настава во новата учебна 2017/2018 година.
Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, им посака на сите ученици многу здравје и успех, со елан и детска љубопитност за усвојување нови знаења. Од локалната самоуправа на општината, Алексовски им подели на сите првачиња училишен прибор.
Бројот на првачиња во основното општинско училиште Илинден изнесува 73, додека во Јоаким Крчовски настава ќе посетуваат 106 првооделенци.
- Им посакувам успешен почеток на новата учебна година на сите ученици, пред се на првачињата во усвојување на нови знаења, од областа на природните и општественитe науки, како и на животни вештини. Годинава имаме запишани 106 првачиња, од кои настава во централнито објект ќе следат 96 дечиња, додека останатите ќе учат во подрачните училишта, изјави директорот на ООУ „Јоаким Крчовски“, Драги Ристовски.
Бројот на запишани првачиња во „Јоаким Крчовски“ е зголемен за пет споредено со лани.
Во ООУ„Илинден“ пак, се запишани само 73 првачиња, односно 28 помалку во однос на учебната 2016/2017 година. Во централниот објект на ООУ „Илинден“ настава ќе посетуваат 50 првачиња, додека другите ќе учат во подрачните училишта во селата Конопница и Мождивњак.
Директорот Оливер Дејановски, информира дека во текот на летото извршена е реконструкција на санитарни јазли во еден блок на зградата на централниот објект.
- Летото извршивме неколку реконструктивни зафати, покрај санитариите во централното училиште, во тек е реконструкција на тоалети и во училишната спортска сала, во подрачното училиште во Конопница беше направена обнова во спортската сала исто така, додека во Мождивњак се направени нова машка и женска гардероба, додаде Дејановски.
Најави дека во наредниот период ќе се врши и замена на дотраената подна конструкција на спортската сала во централниот објект, за што веќе се обезбедени средства од училишниот буџет.
Ново на Сител
-
Без вода утре дел од Карпош, струја ќе немаат делови од Аеродром, Зелениково и Сопиште
-
Истополовите машки парови во Грција законски немаат право да добијат дете со помош на сурогат мајка
-
Во Русија се спроведува нова мобилизација, најголема во последните 14 години
-
Србија и Црна Гора ќе поднесат заедничка кандидатура за домаќини на машкото ЕП во одбојка
-
Стејт департмент: Трамп ја отфрли идејата за странска управа во Украина
-
Лишен од слобода возачот кој со возило удри велосипедист во Скопје
-
УНИЦЕФ: Најмалку 322 деца наводно убиени во Газа по прекинот на огнот
-
Кривична за 10 припадници на ЕБР за злоупотреба на службена положба и овластување