Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 49 пациенти, вкупно се лекуваат 461
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализрани се 49 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 461 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа на ТБЦ имало девет приеми, еден во ковид центарот на Клиниката за неврологија, двајца болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, тројца пациенти на Клиниката за нефрологија и исто толку во ковид – центарот на Клиниката за уво, нос и грло. На Клиниката за очни болести имало два приеми.
Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 15 нови приеми на пациенти, а 14 болни биле примени на Инфективната клиника.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 39 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 34 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 43 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, а на Клиниката за очни болести 14 пациенти. Во ковид – центарот на Клиниката за уво, нос и грло има 27 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 35 пациенти, од кои седум деца и 28 возрасен.
Вкупно 461 пациент потврден и сомнителен за Ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, изутрината до 8 часот имало 30-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Уапсени Папазов, Димитровски и Илијев - последните тројца градоначалници на Кочани
-
Полициска акција во врска со пожарот во „Пулс“
-
Русија назначи преговарачи за разговорите со САД в понеделник за Украина
-
Белата куќа: Трамп целосно ја поддржува офанзивата на Израел во Газа
-
Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози освен на осојничавите места
-
Зеленски: Путин се преправа дека сака мир, со поставување непотребни барања само ја продолжува војната
-
Мајнл-Рајзингер - Муцунски: Австрија стои до Северна Македонија во вонредни ситуации и на патот кон ЕУ
-
Почувствуван земјотрес со епицентар во Струмица