Во Косово и Албанија ден на жалост за жртвите во Париз
Во знак на почит кон жртвите од терористичките напади во Париз и во знак на солидрност со францускиот народ, претседателката на Косово, Атифете Јахјага денешниот ден го прогласи за Ден на жалост на Косово.
Со одлуката на Јахјага знамињата се спуштени на половина копје на објектите на сите државни институции во и надвор од Косово.
Албанската Влада, во знак на почит кон жртвите од терористичките напади во Париз, ден на жалост го прогласи утрешниот ден, 16 ноември.
На сите државни и јавни инситуции знамињата ќе бидат спуштени на половина копје а во 12 часот ќе биде одржано едноминутно молчење.
- Силно осудувајќи ги овие терористички акти, албанската Влада останува целосно ангажирана заедно со своите сојузници во борбата против тероризмот, се наведува во соопштеноето на Владата.
Ново на Сител
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано