-->
-->
Во Кочанско, во полн ек жетвата на јачменот и пченицата
-->
Високите температури и сувото време овозможија жетвата на житните култури во Кочанско да се одвива со зголемен интензитет. Жетвата на јачменот е во поодмината фаза додека на пченицата таа започна деновиве, истакнуваат од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани.
- Жетвата на јачменот кој е застапен на површина од 230 ха е реализирана со 80 проценти при што се добиени приноси во рамки на очекувањата од 4.000 до 4500 килограми по хектар. Ова е мошне добра година за јачменот кој одлично роди, истакна Јордан Димитров, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани.
Димитров истакнува дека жетвата на пченицата е веке започната и од насеаните 520 ха се ожнеани 20% од површините.Приносите се движат од 5.000 до 6.000 килограми од хектар што е во рамки на очекувањата.
Што се однесува до откупот и на јачменот и на пченицата засега тој мирува, бидејки земјоделците бараат соодветната цена за килограм пченица да изнесува 12 денари. Во Подрачната единица на Министерството во Кочани засега не е евидентиран откуп на пченица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција
-
Ристески: Сушата ќе го намали родот на тутунот за над 30%, ќе има само околу 18 милиони килограми
-
Преглед на вестите од светот