-->
-->
Во Кочани започна меѓународната манифестација „Петровденски конаци 2016“
-->
Со промоција на зборникот „Македонски народни умотворби“ од Петар А.Чачаров, синоќа во Кочани започна десеттата јубилејна меѓународна културна манифестација „Петровденски конаци 2016“.
Во името на градот домаќин манифестацијата за отворена ја прогласи Јордан Димитров, претседавач на Советот на општина Кочани, а за десетте години успешно реализирани содржини од оваа манифестација зборуваше Кристина Атанасова Арсова, директор на Центарот за култура од Кочани.
- „Македонски народни умотворби“ од штипјанецот Петар А..Чачаров, е зборник во кој се содржани народни умотворби, пословици, гатанки, обичаи, клетви и приказни од Штип и околината, Биле објавувани во Бугарските весници и списанија од 1890 до 1894 година.По подолг период ова вредно народно богатство е собрано на едно место и презентирано пред македонската јавност, истакна на промоцијата Драган Георгиевски, директор на Музејот од Кратово.
Составувач на ова дело е Коце Стојменов, историчар од Кочани, а книгата е печатена со финансиска подршка на Министерството за култура на Република Македонија.
Во рамки на „Петровденските конаци 2016“ вечерва ќе се одржи концерт на класична музика, а во наредните денови ќе биде отворена изложба на дела од школата за сликање од Кочани,како и меѓународната поетска средба „на Јановден на конак“ со учество на поети од Македонија, Србија и Бугарија. Манифестацијата финансиски е поддржана од Министерството за култура и општина Кочани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бостон: Повеќе медицински сестри од исто болничко одделение добиле тумори на мозокот
-
Денвер загуби од Голден Стејт, Јокиќ постигна дабл-дабл
-
Рубио планира посета на Западен Балкан
-
Дисциплинскa постапка за двајцaта пoлициски службеници кои лажно тврделе дека возилото порше е службено
-
Стапија на сила основните царини од десет осто наметнати од Трамп
-
Извозот од земјава во јануари-февруари изнесува 75 650 милиони денари, што е пораст од 1.6 проценти во однос на истиот период лани
-
Зголемени цените на угостителските услуги
-
САД го прекинаа емитувањето на „Радио Слободна Европа“ во Русија, Украина, централна Азија и Источна Европа